Klik IT

Веб и ИТ услуги

Сајтови и компјутери — средено.

Изработуваме модерни веб-сајтови за фирми и се грижиме компјутерите да работат брзо и безбедно — во канцеларија и дома. Сè на едно место, со јасна цена и брз одговор.

  • Бесплатна проценка
  • Само легален софтвер
  • Резервна копија пред секоја интервенција

Сите услуги на едно место

Изберете услуга за да видите што точно добивате, како работиме и колку чини.

Уште сте на Windows 10?

Microsoft ја заврши поддршката за Windows 10 во октомври 2025. Компјутерот повеќе не добива редовни безбедносни закрпи и е полесна мета за вируси и измами. Ќе провериме дали може на Windows 11 и ќе го преминеме без губење на податоците.

Провери го мојот компјутер

Како работиме

  1. 1

    Нè контактирате

    Пишете на Viber или WhatsApp, јавете се или пополнете ја формата. Кажете ни што ви треба, со свои зборови.

  2. 2

    Добивате понуда

    Ви објаснуваме што предлагаме и колку чини — однапред, без скриени трошоци.

  3. 3

    Ја завршуваме работата

    Во договорениот рок, кај вас или на далечина.

  4. 4

    Останувате со поддршка

    И по завршувањето сме тука за прашања, измени и одржување.

Зошто Klik IT

  • Јасна цена однапред

    Знаете колку чини пред да почнеме. Без изненадувања на крајот.

  • Само легален софтвер

    Инсталираме само лиценциран Windows, Office и програми. Без „кракувани“ верзии и без ризик.

  • Вашите податоци на прво место

    Пред секое форматирање или поголема интервенција правиме резервна копија.

  • Модерни сајтови

    Брзи, прилагодени за мобилен и подготвени за Google. Без застарени шаблони.

  • Еден контакт за сè

    Сајт, мејл и компјутери — не мора да барате пет различни луѓе.

  • Објаснуваме човечки

    Без технички жаргон. Ви кажуваме што правиме и зошто.

Од нашата работа

sasakomerc.mk
САША КОМЕРЦ — sasakomerc.mk

Транспорт и шпедиција · Скопје

САША КОМЕРЦ

Веб-сајт за меѓународна транспортна и шпедитерска компанија со традиција од 1992 година. Јасна презентација на услугите, форма за барање понуда што стигнува директно на е-пошта, домен .mk и професионален мејл.

Што направивме

  • Дизајн и изработка
  • Форма за понуда
  • Домен и DNS
  • Е-пошта

Итен проблем?

Многу проблеми ги решаваме за неколку минути на далечина — без да чекате да дојдеме кај вас.

Како функционира

Често поставувани прашања

Побарајте бесплатна понуда

Ајде да го средиме.

Опишете што ви треба — добивате бесплатна понуда, без обврска.